Културно-информативниот центар во Битола ќе ја заврши културната сезона за ова лето со концертот „Песни од срцата“, на кој ќе настапат оперските уметници Ана Дурловски и Игор Дурловски.
Придружувани од камерниот оркестар „АЈГА“ и под диригентската палка на Иван Еминовиќ, уметниците Дурловски, на платото пред битолскиот Офицерски дом, вечер ќе ги исполнат традиционалните македонски песни, како: „Дејгиди, луди млади години“, „Разболела се Ленка Пингова“, „Што да правам, што да чинам“, „Си заљубив едно моме“, „Пајдушко“ и други. Влезот за концертот е слободен.