Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Осумнаесетто издание на Фестивалот на музика од светот во Битола

Осумнаесетто издание на Фестивалот на музика од светот во Битола

Од 25 до 30 ноември во Битола ќе се одржи 18. издание на Фестивалот на музика од светот, кој и оваа година ќе понуди богата програма со музички изведувачи од земјава и од странство, обединувајќи традиционални звуци, различни култури и современи музички жанрови.

На 25 ноември во Центарот за култура Битола, фестивалот ќе го отвори Амира Медуњанин, препознатливиот глас на современата севдалинка.

Во следните денови публиката ќе има можност да ги проследи настапите на „Код 369“ (Code 369), Јован Милошевски, „Сарсале“ (Sarsale’) од Шпанија, „Мартеница“ (Martenitsa) од Турција, Битолскиот дувачки оркестар и Драган Мијалковски, како и „Трио Мандили“ (Trio Mandili) од Грузија и македонската група „Баклава“.

Концертите ќе се одржуваат во Центарот за култура Битола и во Народниот театар Битола, со почеток во 20:00 часот.

Фестивалот низ годините се афирмира како музички крстопат што ги поврзува светските музички традиции со современите ритми, носејќи во Битола уникатни музички искуства и културни вредности.

Мени за пристапност