С О О П Ш Т Е Н И Е
Одборот за доделување на државната награда ”11 Октомври“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда,,11 Октомври“ за 2026 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија
1. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на:
- проф. д-р Венко Андоновски, писател
2. За животно дело во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на:
- проф. д-р Димитар Пандев, лингвист
- проф. д-р Ѓулумсер Касапи, универзитетски професор
- проф. д-р Владо Поповски, доктор по историско, политички и правни науки
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври 2026 година (недела) во 12:00 часот во Собранието на Република Северна Македонија.
Претседател на Одборот
за државната награда „11 Октомври”
проф. д-р Светозар Антовиќ