Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на франкофонијата (Белгија, Грција, Швајцарија, Франција, Канада, Албанија и Романија) и со Кинотеката, и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, што ќе се одржи од 30 март до 4 април 2026 година во Кинотеката на Северна Македонија.
Манифестацијата ќе започне денеска во 20 ч. со проекцијата на филмот „Склоност кон пораз“ на Лени и Арпо Гит, во организација на Амбасадата на Белгија во Софија.