Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МОТУС АРТ 2026 – Групна ликовна изложба во Куманово

МОТУС АРТ 2026 – Групна ликовна изложба во Куманово

Во Изложбениот салон на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре со почеток во 19 часот ќе биде отворена групната ликовна изложба „МОТУС АРТ 2026“, во организација на Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности МОТУС.

 

На изложбата ќе бидат претставени околу 30 дела од 12 македонски автори, изработени во техники масло и акрил на платно и акварел. Преку различни авторски пристапи и ликовни изрази, изложбата има за цел да ја промовира современата македонска ликовна уметност и да придонесе кон афирмацијата на домашните уметници.

 

„МОТУС АРТ 2026“ е прва групна ликовна изложба во организација на здружението, а реализацијата е финансиски поддржана од Општина Куманово преку Годишната програма за култура.

Мени за пристапност