Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Љутков: На 18 август ќе ја посетам меморијалната поставка на Петре М. Андреевски во Слоештица

Министерот Љутков: На 18 август ќе ја посетам меморијалната поставка на Петре М. Андреевски во Слоештица

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, реагирајќи на објавата на професорот Венко Андоновски на социјалните мрежи со наслов „Едикојси против Петрета Андреевски или ‘Еј бре кој си ти против Петрета да бидиш?!’“, на својот фб профил најави дека на 18 август ќе ја посети меморијалната поставка посветена на великанот на македонската книжевност, Петре М. Андреевски, во неговото родно село Слоештица.

„Одам не само како поединец, туку како глас на сите оние што не се согласуваат културното наследство да се заборава, запоставува и распаѓа. Сакам со свои очи да видам во каква состојба се наоѓа просторот што треба да биде светилиште на македонскиот дух и збор“, вели министерот Љутков.

Во својата реакција, тој истакнува дека иако меморијалната поставка не е под директна надлежност на Министерството за култура, чувствува морална и професионална одговорност да реагира.

„Кога станува збор за великан како Петре М. Андреевски, културната должност е над административните граници. За жал, до овој момент до мене не е пристигнато никакво официјално обраќање или известување за состојбата на поставката,  информацијата за првпат ја добив преку социјалните мрежи. Тоа зборува за погрешна комуникациска практика која мора да се надмине, институциите постојат токму за ваквите прашања.“

Министерот истовремено ја информира јавноста дека Министерството презема конкретна обврска, да обезбеди траен, соодветен и институционално признат простор за презентација на ликот и делото на Петре М. Андреевски во рамки на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

„Овој простор ќе овозможи достоинствена поставка на ракописи, лични предмети и архивски материјали на Андреевски, пристапност за истражувачи, студенти и граѓани и институционална грижа и заштита на неговото културно наследство. Верувам дека ова не е само чин на оддавање почит, туку и исправување на долгот кој македонската култура го има кон еден од своите највеличествени творци. Петре М. Андреевски не е само писател, тој е дел од духовниот темел на нашата држава.“

Министерот Љутков ја поддржа и јавно изнесената реакција на градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, која, како што наведува, „со факти и аргументи ги демантира обвинувањата за наводна негрижа кон меморијалната поставка на Петре М. Андреевски“.

Мени за пристапност