Вчера во „Синеплекс“, во организација на Агенцијата за филм, светски познатиот дизајнер на звук Енди Кенеди (Andy Kennedy) одржа мастерклас, наменет за филмски професионалци, студенти и љубители на филмот.
Кенеди говореше за своето долгогодишно искуство, за разликите меѓу аналогната и дигиталната работа на филм, како и за соработката со режисери во создавањето на нивните филмски визии. Посебен акцент стави на работата над филмовите од серијалот „Хари Потер“ (Harry Potter), „Бетмен: Почеток“ (Batman Begins), како и на сериите „Круна“ (The Crown) и „Игра на троновите“ (Game of Thrones).
Со својата посветеност и љубов кон филмот, Кенеди остави впечаток на врвен професионалец кој и по четири децении работа, останува инспириран од магијата на киното.