Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МАНУ го обнови веб-порталот Дигитални ресурси на македонскиот јазик

МАНУ го обнови веб-порталот Дигитални ресурси на македонскиот јазик

Македонската академија на науките и уметностите го обнови веб-порталот  Дигитални ресурси на македонскиот јазик.

На веб-порталот  има дигитални речници на македонскиот јазик,  двата зборника за македонскиот јазик од 2020 година (Континуитет на МЈ и Погледи за МЈ), а успешно се поставени и сите стари книги и речници, како и монографии за македонските дијалекти.

Исто  така, поставени се и заштитени Целокупните дела на Блаже Конески,  кои постојано се мета на хакерски напади.

Воедно, Дигиталните ресурси на македонскиот јазик се збогатени и со двата тома на Лингвистички студии за македонскиот јазик од проф. Лилјана Минова-Ѓуркова.

Мени за пристапност