Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Mакедонскиот национален балет ќе настапи на 39. Интернационален музички фестивал во Анкара

Mакедонскиот национален балет ќе настапи на 39. Интернационален музички фестивал во Анкара

Со современиот балет „Патување“, на 7 април 2025 година Националниот балет ќе настапи на 39. Интернационален музички фестивал во Анкара, Р Турција. 

Настапуваат: Саша Евтимова, Наташа Трендафилова Гицев, Симона Колиштркоска, Илијана Данилов, Ева Перковска, Франциско Хименез Руиз, Балаж Лочеи, Валери Љубенко, Ендру Кук, Веселин Трајковски. Кореограф е  Џан Арслан (Турција), музиката е на Езио Босо, а костимограф е Марија Пупучевска.

Организатори на проектот се Киро Палов, раководител на Балетот, и Џан Арслан, кореограф од Турција.

Мени за пристапност