Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонскиот игран филм „17“ на 76. Берлински филмски фестивал

Македонскиот игран филм „17“ на 76. Берлински филмски фестивал

Новиот македонски долгометражен игран филм во режија на Косара Митиќ и продукција на Томи Салковски е селектиран во програмата „Перспективи“ на годинашниот 76-ти Берлински филмски фестивал. Ова беше соопштено вчера во Берлин, со што филмот на режисерката Митиќ ќе се натпреварува во програмата „Перспективи“, во која се селектираат најдобрите дебитантски филмови на светско ниво.

Македонскиот филм „17“ ќе биде оценуван од тричлено интернационално жири кое ќе одлучи кој од 14-те долгометражни дебитантски филмови ќе ја освои наградата за најдобар филм во оваа програма.

Мени за пристапност