Вчеравечер (5 октомври) во 19 часот во Македонскиот културно-информативен центар во Белград беше промовирана стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2025 година.
Настанот, замислен како разговор со авторката, го водеше новинарката Сребра Ѓорѓијевска, вклучувајќи ги во него заинтересираните посетители на промоцијата.
Денеска, вторник (6 октомври), во 13 часот, ќе се одржи панел-дискусија за видливоста на културата во српскиот и во македонскиот јавен и медиумски простор, што ќе ја води домаќинот на настанот, директорот на КИЦ во Белград Васко Шутаров, а на која покрај Јуруковска и Ѓорѓијевска ќе учествуваат новинари што следат култура во српските медиуми.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам.