Македонската литература ќе биде претставена на „Ноќта на литературата“ во Софија, преку романот „Снегот во Казабланка“ од Кица Колбе.
Во македонското „читателско гнездо“, кое ќе биде сместено во клубот „Паве“, извадок од романот ќе читаат Ѓорѓи Георгиев-Антика и Игор Дамјанов. Делото, добитник на наградата „Роман на годината“, годинава е објавено и на бугарски јазик во превод на Маријан Петров.
„Ноќта на литературата“ на различни локации во Софија ги претставува современите европски книжевни дела пред бугарската публика.