Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонската книжевност претставена на Саемот на книгата во Франкфурт

Македонската книжевност претставена на Саемот на книгата во Франкфурт

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) го заврши годинашното претставување на македонската книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт, што се одржа од 7 до 11 октомври, со многубројни професионални средби, нови меѓународни контакти и можности за превод и објавување на македонски автори во странство.

На националниот штанд, под концептот „Читај во 7/8“, беа претставени современи македонски автори и дела, книги веќе преведени на странски јазици и литература за деца. Преку каталози и промотивен настан, странските издавачи, литературни агенти и преведувачи имаа можност да се запознаат со актуелната македонска книжевна продукција и нејзиниот потенцијал за меѓународна афирмација.

Посебно внимание беше посветено на можностите за финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам за превод и објавување домашни дела на странски јазици, како поттик за нови изданија и меѓународна издавачка соработка.

Националното претставување беше реализирано со поддршка од Министерството за култура и туризам и претставува дел од долгорочните заложби на МАИ за поголема меѓународна видливост на македонската книжевност и нејзино поврзување со нови читатели и култури.

Мени за пристапност