В недела, 15 март 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Македонската филхармонија ќе се одржи концерт на Словенечкиот оркестар на флејти. Концертот е во рамките на турнејата „Музичко патување низ Балканот“, регионален проект кој ја оживува словенечката музичка традиција создавајќи жив меѓукултурен дијалог и ги зацврстува културните врски во регионот.
Оркестарот е основан за време на пандемијата и обединува академски флејтисти од цела Словенија. Преку својата дејност, тој активно ги промовира словенечките музичари и музичката култура на меѓународната сцена.
Концертот се реализира во рамките на активностите на Меѓународната фондација „Форум на словенски култури“, каде што Република Македонија, како една од државите основачи, преку Министерството за култура и туризам активно учествува и придонесува за унапредување на културната соработка и продлабочување на врските меѓу словенските држави.