Во рамките на концертниот циклус „Млади за млади“, вечер во 19:30 часот во Камерната сала на Македонската филхармонија ќе настапат младите музичарки Леона Кондратенко – виола и Фатима Алиева – пијано.
Концертот е дел од соработката меѓу Музичка младина на Македонија и Музичка младина на Србија. Како дел од соработката, дуетот на 21 септември настапи во Белград, а по концертот пред белградската публика продолжува со настап во Скопје.
На програмата се дела од Шуман, Боуен, Сони Петровски, Мартину, Шостакович и Де Фаља. Концертот се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам, а влезот е слободен.