Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Kнижевна вечер„Македонија и Турција – Книжевни мостови“ во КИЦ во Истанбул

Kнижевна вечер„Македонија и Турција – Книжевни мостови“ во КИЦ во Истанбул

Во рамките на 17. издание на реномираниот Меѓународен литературен фестивал во Истанбул (Istanbul International Literature Festival (ITEF)), на 29 мај 2025 година во просториите на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул ќе се одржи книжевна вечер под наслов „Македонија и Турција – Книжевни мостови“, на која пред турската публика и издавачи ќе бидат претставени наградените книги и автори на Друштвото на писателите на Македонија за 2024 година.

Настанот претставува исклучително значаен чекор во афирмацијата и меѓународната промоција на македонската книжевност, а соработката со ИТЕФ (ITEF) – еден од водечките фестивали за литература во регионот – отвора нови можности за поврзување со турското издаваштво и преведувачи, како и за градење културни мостови меѓу двете земји.

Делегацијата на Друштвото на писателите на Македонија ја сочинуваат добитниците на годинашните книжевни награди: Жарко Кујунџиски со збирката раскази „Приказничар“ (изд. „Антолог“) – добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело; Иван Антоновски со книгата за деца „Бакнежи на небото“ (изд. „Светулка“) – добитник на наградата „Ванчо Николески“; Наташа Аврамовска со книгата „Книжевни паметници“ (изд. Институт за македонска литература) – добитничка на наградата „Димитар Митрев“ за најдобро дело од областа на критиката и есеистиката; Гордана Јовиќ Стојковска со романот на српски јазик „Била једном једна кућа“ („Беше еднаш една куќа“) – добитничка на наградата „Мост“, која се доделува за дела објавени на јазиците на заедниците во Македонија (изд. „Слово љубве“), а со свој литературен опус ќе се претстави и Живко Грозданоски, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

Настанот претставува значајна платформа за унапредување на меѓукултурната размена, за презентација на современите текови во македонската литература и за иницирање идни преводи, соработка и издавачки проекти со турските партнери.

„Книжевни мостови“ се организирани од македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул како дел од Годишната програма на Министерството за култура и туризам.

Мени за пристапност