Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Книжевен портрет на Јордан Плевнеш во македонскиот КИЦ во Софија

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

На 15 април (вторник) со почеток во 18:30 часот во македонскиот Културно-информативен центар во Софија ќе се одржи литературниот настан „Портрет на Јордан Плевнеш во Софија“, кој е замислен како средба со познатиот македонски писател Јордан Плевнеш.

Посетителите ќе имаат можност да запознаат еден забележителен автор од балканската и меѓународната книжевна сцена, познат по неговото творештво како македонски романсиер, драматург, поет и дипломат. Воведни обраќања кон присутните ќе имаат: Александар Морфов, Христо Бојчев и Захари Иванов. На настанот ќе присуствуваат и гости од Народниот театар „Иван Вазов“ и  од „Сатиричен театар“. Поздравен говор по повод вечерта ќе има академик Љубомир Кекеновски, претседател на Научниот совет на „Академија Балканика Еуропеана“ (Academia Balcanica Europeana).

Мени за пристапност