Во рамки на кинеската вечер вљубениците во класичната музика вечерва на „Охридско лето“ ќе можат да уживаат во музицирањето на уметниците Јуе Гуангхуи и Ванг Веи на флејта, мецосопранот Аи Ву, во пијано придружба на маестра Хоу Јуан. На програмата на вечерашниот концерт во „Света Софија“ се избрани дела на Форе, Равел, Сен-Санс, Гобер, Дебиси, Енеску, Доплер, Бизе/Борне, како и дела на кинеските композитори Лу, Луон, Ванг, Тиан.