Од 5 до 12 јуни 2026 година, Прилеп ќе биде домаќин на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој годинава ќе се одржи под мотото „Храбриот нов театар“. Фестивалот ќе понуди десет претстави во официјалната и четири во придружната програма, како и работилници, изложби и тематски настани.
Темата на годинашното издание е „Кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот“, а уметничка директорка и селекторка е Ана Стојаноска. Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Мачкина глава“ на Драмски театар, а затворен со „Црно злато“ во режија на Оливер Фрљиќ.
Во рамки на јубилејното издание ќе бидат доделени и награди за животно дело на истакнати театарски уметници.