Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавна расправа за Националната стратегија за развој на културата 2026–2030

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

Во согласност со Законот за културата, Министерството за култура и туризам изработи нацрт-текст на Национална стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030 година со Акциски план. 

 

Нацрт-текстот на Националната стратегија е објавен и на Единствениот национален електронски регистар на прописи, каде што  може да се достават мислења, предлози и забелешки.

 

Министерството за култура и туризам ве поканува активно да учествувате на јавната расправа за нацрт-текстот на Националната стратегија со Акциски план.

 

Јавната расправа ќе се одржи на 11.5.2026 година (понеделник) во Музејот на македонската борба за самостојност со почеток во 10 часот.

 

 Во прилог е линкот на ЕНЕР каде што е прикачен нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030 година со Акциски план.

 

ЕНЕР | Национална страгегија за развој на културата за период 2026 - 2030 со акциски план

Мени за пристапност