Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување од Комисијата за полагање испит за лектор со податоци за Испитот за лектор за април 2025

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

Во согласност со Правилникот за начинот на полагањето на испитот за добивање лекторска лиценца и за Програмата за испитот, Комисијата за полагање испит за лектор информира дека влезниот дел од испитот ќе се одржи на 25 април со почеток во 11 часот во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Практичниот дел од испитот ќе се спроведе веднаш по прегледувањето на тестовите.

Кандидатите може да носат со себе преносен компјутер за електронскиот дел од практичниот испит. 

Усниот дел од испитот ќе се одржи на 28 април со почеток во 11 часот. 

Консултациите со заинтересираните кандидати ќе се одржуваат по претходен телефонски договор:

проф. д-р Лидија Тантуровска (телефон: 079 / 237-116)  

проф. д-р Весна Костовска (телефон: 075 / 298-496) 

проф. д-р Томислав Треневски (телефон: 076/ 469-468)  

Мени за пристапност