Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Изложбата „H.O.P.E.“ на Илина Арсова во Истанбул

Изложбата „H.O.P.E.“ на Илина Арсова во Истанбул

Во Македонскиот културен центар во Истанбул на 7 април (вторник), со почеток во 19:00 часот, ќе биде отворена изложбата „H.O.P.E. – Harmonies of Presence & Empathy“ на македонската уметница Илина Арсова.

 

Изложбата претставува визуелно истражување на концептот на хармонија како состојба на рамнотежа, емпатија и заедништво. Во контекст на современите урбани средини, какви што се Скопје и Истанбул, обележани со неизвесност и динамични општествени и еколошки предизвици, проектот отвора простор за дијалог, рефлексија и повторно поврзување.

 

Инспирацијата произлегува од поимот „хармонија“ како „усогласување“ или „спојување“, што преку делата добива подлабока филозофска димензија – баланс меѓу спротивностите и заедничкото постоење. Особен акцент е ставен на природата како простор каде што оваа рамнотежа најјасно се манифестира, но и како систем кој бара грижа и заштита.

 

Преку визуелна уметност и концептуален пристап, изложбата „H.O.P.E.“ го поставува прашањето за можноста хармонијата да се живее, а не само да се замислува, при што надежта се појавува како колективен процес – создадена и одржувана преку заедничко искуство.

 

Отворањето ќе се одржи во галерискиот простор на Македонскиот културен центар во Истанбул.

Мени за пристапност