Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Изложба во чест на Кирил Трајковски во Археолошкиот музеј

Изложба во чест на Кирил Трајковски во Археолошкиот музеј

Отворањето на изложбата посветена на Кирил Трајковски ќе се одржи во Археолошкиот музеј утре (29 април) во 14:00 часот. Изложбата е реализирана во соработка со Фондацијата „Кирил Трајковски“ од Лондон и содржи предмети избрани од кураторите Ана Јорданова Дубровска и Филип Аџиевски.

 

Поставката претставува значаен чекор кон валоризација и доближување на средновековното културно наследство до јавноста, со фокус на локалитетите Мородвис и Кожле.

 

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам, а изложбата е и омаж на долгогодишната работа на археологот Кирил Трајковски. Соработката меѓу Музејот и Фондацијата отвора ново поглавје во промоцијата на културното наследство.

Мени за пристапност