Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Изложба „45 години ФЛУ“ во МСУ

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

Во Музејот на современата уметност – Скопје утре (четврток) во 19:00 часот ќе биде отворена ревијална изложба, избор на 45 дела од 45 автори, од колекцијата на МСУ, како и дела во сопственост на уметниците – наставен кадар на ФЛУ, почнувајќи од неговото основање до денес.

Изложбата претставува централен настан и официјална прослава на јубилејот 45 години од основањето на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, со која симболично се прикажуваат континуитетот и еволуцијата на уметничките изрази што се развиваа во текот на четири и пол децении.

Покрај уметничките дела, изложбата ќе биде придружена со документарни прилози што сведочат за историјата и активностите на Факултетот.

Изложбата ќе биде отворена за посетители месец и пол, нудејќи единствена можност да се доживее уметничкото наследство што го оставил Факултетот во изминатите 45 години.

Мени за пристапност