Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Гала-концерт на отворено „Од „МОБ за Скопје“

Гала-концерт на отворено „Од „МОБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, ќе го одржи гала-концертот „Од #МОБ за Скопје“.

Концертот ќе се одржи во чест на 200-годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентската палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.

Мени за пристапност