На 19 септември, со почеток во 20:00 часот, во Драмскиот театар Скопје ќе се одржи премиерата на „Федра – Антропологија на една желба“, во која Расин и Сара Кејн се среќаваат во современо сценско читање на љубовта, желбата, вината и бунтот.
Во центарот на двете претстави е Јелена Жугиќ како Федра, со Дејан Лилиќ како Тезеј во Расиновата „Федра“, и со моќна актерска екипа: Александар Степанулески, Лазар Христов, Леонардо Лазов, Ивана Павлаковиќ, Нина Елзесер, Златко Митрески, Јована Спасиќ, Трајанка Илиева-Вељиќ, Ања Митиќ, Дениз Абдула, Томислав Давидовски, Марјан Наумов и Гордана Ендровска.
Претставата отвора прашања за границите на желбата, моралот и општествените очекувања и за цената што ја плаќаме кога љубовта станува посилна од сите нив. „Федра – Антропологија на една желба“ носи силно емотивно сценско доживување и современо преиспитување на една од најмоќните и најтрагични човечки состојби – желбата да се сака, без оглед на последиците.