Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Дијалог на форми“ во Македонскиот КИЦ во Софија

„Дијалог на форми“ во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија денеска во 18:30 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Дијалог на форми“, која обединува дела создадени по повод одбележувањето на празникот Свети Трифун во Кавадарци во 2024, 2025 и 2026 година.

Изложбата претставува различни уметнички искуства, техники, материјали и пристапи, кои преку меѓусебен дијалог создаваат простор за нови начини на гледање и толкување на уметничките дела.

Традицијата на празникот Свети Трифун во изложбата не е прикажана буквално, туку служи како културен контекст и повод за средба на различни индивидуални уметнички изрази.

Настанот се реализира со соработка меѓу Музеј галерија – Кавадарци и Македонскиот КИЦ во Софија, а изложбата ќе биде отворена за посетителите до 6 октомври 2026 година.

Мени за пристапност