Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Денес започнаа 11. Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје

Денес започнаа 11. Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје

Денес започнаа 11. Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, кои ќе траат до 16 октомври 2026 година.

Манифестацијата започна со поздравни обраќања на претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, директорката на Институтот, проф. д-р Елена Јованова Груевска и претставници од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Присуството на директорката на Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик, Менче Андреева, ја нагласува меѓуинституционалната соработка во заштитата, негувањето и правилното спроведување на Законот за употребата на македонскиот стандарден јазик.

На овогодинешната свечена манифестација се одбележуваат неколку значајни јубилеи од македонската јазична и книжевна историја, вклучувајќи ги 1.110 години од упокојувањето на Климент Охридски, 1.140 години од основањето на Охридската книжевна школа и 100 години од смртта на патронот Крсте Мисирков.

Овој настан уште еднаш го става во фокус Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кој како врвна научноистражувачка институција е најважниот столб во заштитата и кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

Носејќи го со гордост името на Крсте Петков Мисирков, визионерот кој уште во 1903 година, во делото „За македонцките работи“, ги постави темелите на современата јазична норма, Институтот повеќе од седум децении останува врвен чувар на јазичниот, културниот и националниот идентитет на македонскиот народ.

Мени за пристапност