Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Чудесна терапија“ ја насмеа публиката во рамките на јубилејот на Драмски театар Скопје

„Чудесна терапија“ ја насмеа публиката во рамките на јубилејот на Драмски театар Скопје

Вчеравечер, во рамките на одбележувањето на 80 години Драмски театар Скопје, беше изведена комедијата „Чудесна терапија“ во амфитеатарот позади Спомен-куќата на Мајка Тереза.

 

Пред многубројната публика, актерската екипа донесе вечер исполнета со хумор, остри реплики и ситуации во кои многумина се препознаа. Претставата уште еднаш потсети дека најпредизвикувачките животни натпревари често се оние што се играат во рамките на семејството и домот.

 

Настанот беше дел од јубилејната програма на Драмски театар Скопје и привлече голем број љубители на театарската уметност, кои уживаа во одличната атмосфера и актерските изведби.

Мени за пристапност