Публиката на „Охридско лето“ вчеравечер се восхитуваше на пијанистичкиот артизам на младиот чешки уметник Лукаш Вондрачек, кој одржа концерт на подиумот во црквата „Света Софија“.
Преку неговиот префинет клавирски израз, во акустичниот амбиент прозвучија дела на Брамс, Скрјабин, Дворжак и Шумен, како и композиции од Шопен и Рахманинов изведени на бис по бурните и стоечки овации од страна на љубителите на класичната музика.
Неприкосновениот победник и носител на наградата Гран при на Меѓународниот натпревар „Кралица Елизабета“ во 2026 година, Лукаш Вондрачек, над две децении патува низ светот настапувајќи со најпознатите светски оркестри.
Концертот се одржа во рамките на традиционалната „Чешка вечер“ на фестивалот „Охридско лето“, поддржана од Амбасадата на Република Чешка во нашата земја.
Програмата на класична музика на годинашното 65. „Охридско лето“ продолжува вечер со традиционалната „Вечер на Европска Унија“, на која целовечерен концерт ќе одржи францускиот квартет „Модиљани“.