Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

80 години јубилеј на Национална установа- Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола

80 години јубилеј на Национална установа- Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола

Во чест на значајниот јубилеј – 80 години од основањето,  НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола  со низа активности ќе ја одбележи долгогодишната традиција, културната мисија и придонесот на установата во зачувувањето и промовирањето на знаењето.

 

Програмата започнува на 17 март (понеделник) со панел-дискусија на тема „Библиотеката – срце на заедницата.

 

На 18 март (вторник) во 12:00 часот ќе  бидат доделени награди за посветените читатели, најдобрите библиотечни приказни, роднокрајните автори, како  и благодарници за поранешните вработени, кои со својата љубов кон книгата  и знаењето придонесуваат за збогатување на културниот живот и библиотечната традиција.

 

Одбележување на 80 години постоење на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола,  ќе биде заокружено на  21 март со „Свечена академија“, која со почеток во 19:00 часот ќе се одржи во Свечената сала на КИЦ- Офицерски дом -Битола.

Мени за пристапност