Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Туристичката понуда на Македонија на 60-тото јубилејно издание на Меѓународниот саем за туризам во Берлин

Туристичката понуда на Македонија  на 60-тото јубилејно издание на Меѓународниот саем за туризам во Берлин

Туристичката понуда на Македонија е претставена на  јубилејното, 60-то издание на најголемиот меѓународен саем за туризам „ITB Berlin“, што од денеска до 5 март 2026 година се одржува во Берлин, Германија.

 

„ITB Berlin“ од 1966 година е водечка глобална платформа за туризмот, каде се среќаваат туристички дестинации, тур-оператори, авиокомпании, хотели и медиуми. Годинава земја-партнер е Ангола.

 

Македонската делегација на саемот во Берлин  предводена од министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, придружуван од националниот координатор за туризам, Акан Махмут, ќе реализира повеќе билатерални средби со цел интензивирање на туристичката соработка, зголемување на туристичкиот промет и заеднички настапи на трети пазари.

 

На националниот штанд од 93 м² земјава годинава се претставуваат рекорден број улесници од туристичкиот сектор, вклучувајќи македонски тур-оператори за дојдовен туризам, хотелиери и ТАВ Аеродроми Македонија.

 

Според Државниот завод за статистика во 2025 година земјава ја посетиле 91.290 германски туристи што е зголемување од 141% во однос на 2024. Во истиот период  реализирани се 143.138 ноќевања  што е раст од 93% споредено со претходната година. 

 

Германските туристи најчесто ги комбинираат културниот туризам, природата, гастрономијата и автентичните локални искуства, особено ценат Охрид и регионот околу него, како и city-break престој во Скопје со посета на кањонот Матка. Германските туристи покажуваат значителен интерес и за вински тури, дегустации на локална храна, рурални искуства и активен туризам, што претставува силна основа за понатамошно позиционирање на земјава како атрактивна и автентична европска дестинација.

 

Учеството на саемот во Берлин е уште една потврда дека како држава  продолжуваме  со активна промоција на туристичките потенцијали на нашата земја, со фокус на одржлив развој, диверзификација на понудата и стратегиско позиционирање на клучните пазари.

Мени за пристапност