Развојот на македонската кинематографија, поддршката на филмските автори и можностите за уште поголема меѓународна афирмација на македонскиот филм беа во фокусот на средбата на министерот за култура и туризам Седат Сулејмани со режисерот Милчо Манчевски.
На средбата се разговараше за актуелните состојби во филмската дејност, за создавањето подобри услови за работа и творештво, како и за потребата од континуирана поддршка на домашните автори и продукциските капацитети.
Министерот Сулејмани ја истакна важноста на македонската кинематографија како значаен дел од културниот идентитет на државата, но и како силен инструмент за нејзино претставување пред меѓународната јавност.
На средбата беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката во интерес на развојот на македонската кинематографија и создавањето нови можности за македонските филмски автори.