Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

РЕЗУЛТАТИ ОД ГОДИШНИТЕ КОНКУРСИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ПО ОДДЕЛНИ ОБЛАСТИ И АКТИВНОСТИ ОД КУЛТУРАТА ЗА 2026 ГОДИНА

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

Врз основа на член 62 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 265/24 и 132/25), Министерството за култура и туризам денеска, недела (1.2.2026), на својата веб-страница (www.kultura.gov.mk) ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2026 година.

Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2026 година траеја од 30 септември 2025 година до 31 октомври 2025 година.

Пријавувањето на Годишните конкурси се одвиваше електронски преку Националниот портал за е-услуги.

Во системот се евидентирани 2.618 пријави поднесени од: правни и физички лица, единици на локалната самоуправа, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани во Република Северна Македонија во согласност со закон.

Критериумите и мерилата врз чија основа се вршеше оцена на проектите по одделни дејности беа содржани во Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2026 година.

Вреднувањето на проектите беше извршено од страна на стручни комисии врз основа на исполнетоста на општите и посебните услови содржани во конкурсите по области и активности во културата.

Во фокусот на работата на комисиите беа:

Ø  квалитетот на содржината на проектот (креативност, оригиналност/автентичност, очекувано влијание,  човечки ресурси и финансиска оправданост),

Ø  човечки ресурси (уметнички/стручни достигнувања, искуство во дејноста, признанија, награди, позитивни критики за претходни достигнувања) и

Ø  финансиска оправданост (реалната проекција за висината на вкупните трошоци потребни за реализација на проектот, како и реалниот сооднос меѓу износот на финансиските средства за авторски хонорари и износот на средствата за другите трошоци за реализација на проектот).

Објавените резултати од конкурсите содржат информации за: носителот на проектот, наслов на проектот и одобрените средства за реализација на проектот.

Освен резултатите објавени на веб-страницата на Министерството за култура и туризам, подносителите на пријавите за Годишните конкурси ќе бидат известени и по електронски пат на својот профил на Националниот портал за е-услуги.

Субјектите чии проекти се избрани на Годишните конкурси, по добивањето на решенијата, ќе склучат договор за финансирање проект од национален интерес во културата со Министерството за култура и туризам во согласност со Законот за културата.

Во согласност со член 67 од Законот за културата, против решението може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка,  постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. Жалбата не го одлага извршувањето.

Во согласност со Законот за културата, проектите избрани на Годишните конкурси за 2026 година треба да се реализираат во согласност со определениот рок за реализација наведен во договорот.

ПОДДРЖАНИ ПРОЕКТИ НА КОНКУРСИТЕ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ЗА 2026

ДЕЈНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА

ДРАМСКА ДЕЈНОСТ

МУЗИЧКА И МУЗИЧКО-СЦЕНСКА ДЕЈНОСТ

ФОЛКЛОР

ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ, АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

ЛИТЕРАТУРА И ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

МЕЃУНАРОДНА ДЕЈНОСТ

МАНИФЕСТАЦИИ И ФЕСТИВАЛИ

ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

БИБЛИОТЕЧНА  ДЕЈНОСТ

МУЗЕЈСКА ДЕЈНОСТ И ЗАШТИТА НА НЕМАТЕРИЈАЛНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

НЕДВИЖНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И ЗАШТИТА НА АУДИОВИЗУЕЛНИ ДОБРА

ЧЛЕНОВИ НА СТРУЧНИ КОМИСИИ

 

 

Мени за пристапност