Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Работна посета на министерот Сулејмани во Анкара: Средби на високо ниво и официјални активности

Работна посета на министерот Сулејмани во Анкара: Средби на високо ниво и официјални активности
Во текот на вчерашниот ден, во рамките на работната посета на Република Турција, министерот за култура и туризам Седат Сулејмани оствари средби на високо ниво и значајни активности во рамките на официјалната програма.
 
 
Централната средба беше со неговиот турски колега, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој. Во фокусот беа билатералните односи, соработката во културата и туризмот, функционирањето на Културно-информативните центри во Скопје и Истанбул, туристичката промоција, заштитата на културното наследство и соработката во рамките на УНЕСКО.
 
 
По средбата, двајцата министри присуствуваа на изложбата „Колекција на метални пари ковани во Скопје и Кратово (XIV–XVII век) – Патувањето на парите“, подготвена од м-р Даниела Николова и поставена во Музејот на анадолските цивилизации во Анкара.
 
 
Министерот Сулејмани ја посети и Националната библиотека во близина на Претседателскиот комплекс, каде што одблиску се запозна со организацијата, богатите колекции и современите услуги што им се нудат на читателите, студентите и истражувачите.
 
 
Потоа, министерот Сулејмани оствари одделни средби со заменик-министерот за правда Седат Ајјилдиз и со заменик-министерот за внатрешни работи Булент Туран. На двете средби беа разменети мислења за темите од заеднички интерес, врските меѓу државите и народите, како и за зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка.
 
 
Посетата ги потврди блиските односи меѓу Северна Македонија и Турција, како и подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката преку конкретни проекти и активности.

Мени за пристапност