Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претставата „Ѓоре Магаревски“ за Светскиот ден на театарот во Битола

Претставата „Ѓоре Магаревски“ за Светскиот ден на театарот во Битола

На Светскиот ден на театарот, 27 Март, Народниот театар од Битола (НТБ) ќе ја одигра претставата „Ѓоре Магаревски – 80 години потоа“ и целиот приход од продадените влезници ќе го донира за семејствата на настраданите и повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

 

„Ѓоре Магаревски – 80 години потоа“ е во режија на Благој Мицевски, Софија Ристевска-Петрушева и Јован Ристовски. Играат актерки и актери од сите генерации, вклучувајќи ги и пензионираните. Во три кратки едночинки, улогата на Ѓоре ја играат актерите Марјан Ѓоргиевски во режија на Благој Мицевски, Александар Димитровски во режија на Софија Ристевска и Никола Пројчевски во режија на Јован Ристовски.  Сценограф е Валентин Светозарев, костимографи се Благој Мицевски и Андреј Папаз Ѓоргиевски, а драматург е Билјана Крајчевска.

Мени за пристапност