Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Грција во Северна Македонија, Јоанис Малукос

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Грција во Северна Македонија, Јоанис Малукос

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Грција во Северна Македонија, Јоанис Малукос, на која присуствуваше и заменик-шефот на мисијата, Кристина Василату.

 

На средбата беше истакната важноста на унапредувањето на билатералната културна соработка, со акцент на што поскорото потпишување на Меморандумот за соработка во културата, кој ќе обезбеди рамка за реализација на заеднички проекти. Министерот Сулејмани ја поздрави досегашната поддршка на Амбасадата на Грција и ја нагласи важноста на пријателската комуникација и размената на искуства со соседните држави.

 

Амбасадорот Малукос ја истакна поддршката на грчката влада за европската перспектива на Северна Македонија и го поздрави учеството на грчките уметници на меѓународните фестивали во земјата, меѓу кои и „Охридско лето“.

 

Посебен акцент беше ставен на соработката во заштитата на културното наследство. До крајот на годината се очекува повторна посета на грчки експерти за утврдување на потребите за санација на Даут-пашиниот амам и Чифте-амамот, а најавена е и експертска соработка за конзервација на делови од археолошкиот локалитет Стоби.

 

Амбасадорот понуди и размена на искуства со Елефсина, Европската престолнина на културата за 2023 година, како поддршка за подготовките на Скопје за европската културна титула во 2028 година.

Мени за пристапност