Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија, Н.Е. Мартин Памер.
На средбата беше разговарано за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, со посебен акцент на културата, туризмот и можностите за реализација на заеднички проекти и иницијативи од заемен интерес.
Министерот ја истакна важноста на партнерството со Република Австрија, нагласувајќи дека развојот на културната соработка и промоцијата на туристичките потенцијали претставуваат значајни сегменти во зацврстувањето на односите меѓу двете пријателски земји.
Воедно, беше изразена заедничка подготвеност за натамошно продлабочување на соработката преку континуиран дијалог, размена на искуства и реализација на иницијативи што ќе придонесат за меѓусебно разбирање и поврзување на двете држави.