Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Љутков: „Тодорица“ е мост меѓу генерациите и народите

Љутков: „Тодорица“ е мост меѓу генерациите и народите

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Свети Николе го отвори Меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица“ 2026.

 

Во своето обраќање пред присутните Љутков истакна дека оваа  манифестација е значаен симбол на духовната сила, културната меморија и идентитетот на народите.

 

„Фолклорот не е само песна или оро, туку жив јазик на традицијата во кој се втиснати историјата и мудроста на предците“, рече министерот.

 

Тој додаде дека фестивалот претставува мост меѓу генерациите и народите, потенцирајќи дека културната различност не разделува, туку збогатува. Според него, ваквите настани ја зајакнуваат соработката и пријателството и придонесуваат за афирмација на земјата како простор на богато културно наследство.

 

Љутков посочи дека Министерството за култура и туризам ќе продолжи и во иднина да ги поддржува манифестациите што ја негуваат автентичната традиција и ги поттикнуваат младите да ги чуваат своите корени.

Мени за пристапност