Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државен Секретар

БЕСА ОДА МУРТЕЗА

БЕСА ОДА МУРТЕЗА

Државен секретар во Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија

Беса Ода Муртеза е државен секретар во Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

 

Родена е на 15 декември 1980 година во Струга. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на Катедрата за албански јазик и книжевност.

 

Со над 20-годишно професионално искуство во Министерството за култура и туризам, изгради кариера заснована врз професионалност, одговорност и посветеност на развојот на секторот за култура. Ја има извршувано функцијата раководителка на Одделението за издавачка дејност и литература, како и раководителка во дејноста фолклор, ангажирана во подготовката и координацијата на годишните програми, координацијата на стручните комисии и спроведувањето на културните политики во овие области.

 

Неодамна беше член на Управниот одбор на Албанскиот театар, придонесувајќи за институционалниот развој на оваа национална установа од областа на културата.

 

Со своето искуство и познавање на институционалните процеси, Беса Ода Муртеза ја извршува функцијата државен секретар со посветеност кон зајакнување на институциите, унапредување на културните политики и развој на културата и туризмот во Република Северна Македонија.

Мени за пристапност