Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одлука за продолжување на рокот за поднесување електронски пријави за Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

Во согласност со Одлуката за продолжување на рокот за поднесување  електронски пријави за Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година бр. 44-8581/2 од 27.10.2026 година, во Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година, објавени на 30.9.2026 година во весниците „Слободен печат“ и „Коха“ и на веб-страницата на Министерството за култура и туризам, рокот за поднесување на електронските пријави се продолжува заклучно со  6.11.2026 г. (петок), до 15:30 часот.

Другиот дел од текстот на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година, објавени на 30.9.2026 година во весниците „Слободен печат“ и „Коха“ и на веб-страницата на Министерството за култура и туризам, останува непроменет.

Пријавувањето на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги.

Мени за пристапност