Улична уметност – 30 години независност на Северна Македонија

од admin_kult

Почнува мултимедијалниот настан „Уметност, можност за реактуелизација и презентација на дејноста и делата на нашите истакнати домашни дејци – поетот и лингвист Блаже Конески и писателот романописец Стале Попов” што го организира филмската продукција „Дрим фeктори” од Скопје во соработка со здружението Центар за современа ликовна уметност – Прилеп.

Станува збор за проект поддржан од Владата на Република Северна Македонија преку Јавниот повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија. Со него се предвидени реактуелизација и презентација на дејноста и делата на нашите истакнати дејци – поетот и лингвист Блаже Конески и писателот романописец Стале Попов.

Проектот опфаќа изработка на два ѕидни мурала на уникатно избрани локации и две кратки докуметарни видеа за промоција и презентација на проектот, дејноста и делата на Блаже Конески и на Стале Попов. Идејното решение и изведбата на муралите се на нашите познати академски ликовни уметници Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар Џинго.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе