Tрпчески со пријателите на концерт и пренос во живо од салата „Вигмор хол“ во Лондон

од admin_kult

– Во рамките на Пролетната серија концерти на „Вигмор хол“, денеска (понеделник, 7 март) нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески во престижната концертна сцена во Лондон ќе одржи матине концерт насловен „Трпчески и пријателите“ – соопштува „КултурОп“. Ќе бидат изведени дела на Јоханес Брамс, Панде Шахов, како и аранжман на Влатко Нушев на дело од Гијом Конесон.

Овој концерт, на кој со Трпчески ќе ја делат сцената и Ѓорѓи Димчевски на виолина, Сорин Спасиновици од Романија на виола, Александер Сомов од Бугарија на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет и Влатко Нушев на перкусии, ќе се пренесува во живо на веб-страницата на „Вигмор хол“ во ХД (HD), а видеото ќе биде достапно 90 дена по датумот на емитување: https://wigmore-hall.org.uk/whats-on/simon-trpceski-gjorgi-dimchevski-sorin-spasinovici-alexander-somov-hidan-mamudov-vlatko-nushev-202203071300

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе