„Kино утро 2023“ во Кинотеката

од admin_kult

Со по три филмски проекции дневно во попладневните и во вечерните часови,  во Кинотеката и годинава од 12 јануари ќе се одржи традиционалното „Кино утро“.

Како што најавуваат од Кинотеката, на програмата се шест наслови наменети и за мали и за големи деца, но и за сите оние што се чувствуваат младо во срцето, без оглед на возраста.

– Годинава во Кинотеката доаѓаат најпознатите негативци од филмското платно, Џек Скилингтон и Гру, засилени со помалку познатите, но полни со потенцијал, како: „Лил, Лил, Крокодил“, „Кошмар пред Божиќ“, „Кашеј: Крадец на невести“, „Авантурите на Финик“, „Мињони: Подемот на Гру“, „Макс и бесната дружина“ – велат од Кинотеката.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе