Во изложбениот салон „Галерија 22“ при НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип, денеска со почеток во 12:00 часот ќе биде отворена изложбата на дела од 60. Меѓународна струмичка ликовна колонија 2023.
Во овие шест децении, низ Колонијата поминале околу 1600 ликовни творци од сите светски меридијани, кои оставиле бесценета уметничка оставина од околу 2800 дела, импозантна бројка што претставува огромно богатство, не само за Струмица туку и за целата наша татковина, па и за целиот Балкан.
Оваа година на јубилејното издание учествуваа дваесетмина уметници од: Украина, Романија, Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија.