Младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“ премиерно ќе биде изведена утре, 22 ноември, со почеток во 20:00 часот во Театарот за деца и младинци.
Претставата „Како ќе го делиме мачорот“, во режија на Јане Спасиќа, ја отвора темата развод и низ што минуваат децата и родителите во тој процес.
Улогите ги толкуваат: Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков, Матеа Јанковска, Никола Наковски, Ангела Димитрова, Ненад Митевски и Марија Ѓорѓијовска. Сценографијата е на Кирил Василев, а костимограф е Бранкица Јордановска.
Претставата е наменета за возраст од 12 години и нагоре.