Народниот театар од Охрид вечер ќе настапи на „Охридско лето“ со претставата „Крик за љубов“ – комедија на карактери и љубовна приказна со романтичен крај. Текстот обработува две доминантни теми – театарот и љубовта.
Режисер на претставата e Љупчо Ѓоргиевски, a улогите ги толкуваат: Адријана Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Горан Стојаноски.