Одличен настап на „Љубојна“ во Тирана

од admin_kult

Во понеделникот навечер македонскиот состав „Љубојна“ настапи на фестивалот „Cloud rea“ во Тирана.

Концертот, чии организатори беа фестивалот и Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, беше поддржан од Општина Тирана. Како што велат од КИЦ – Тирана, ова беше, веројатно, еден од најубавите концерти на „Љубојна“ во нивната богата кариера.

„Пред многубројна публика во центарот на Тирана се случи вистинско чудо, луѓето, слушајќи ја нивната музика, цели два часа играа во транс. Се редеа разновидни македонски и балкански мелодии, публиката и по два часа не сакаше да го напушти местото каде што се одржуваше концертот“, информират од македонскиот КИЦ.

По концертот, групата „Љубојна“ имаше средба и заеднички настап со музичарите од „Tirana Tirona, all stars“, позната група од Тирана.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе