Читателите во Охридската библиотека од денеска ќе може да влезат сами да изберат книга

од admin_kult

Охридската библиотека „Григор Прличев“ преминува во отворен тип, односно читателите слободно ќе можат да влезат и да одберат книги од полиците.

Ваквиот чин, како што информира директорот на установата Милчо Јованоски, е во пресрет на Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 Април.

– Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 часот и 30 минути до 17 часот, а читалната за дневен печат и периодика со читатели ќе работи од 9 до 15 часот. Читателите ќе може да влезат, да избираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите – појасни Јованоски.

Читалните, додаде тој, ќе може да ги користат само зачленети читатели.

– На 26 април, во чест на Светскиот ден на книгата, на посебен настан ќе бидат прогласени најредовните читатели за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател, како и најчитаните домашни и странски автори и книги. На триесетина наши сограѓани Библиотеката ќе им додели благодарници за донираните книги во изминатиот период – изјави Јованоски.

Работното време на Библиотеката за читатели останува исто – од понеделник до петок од 8:30 до 18:30 часот. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе