Четврто издание на  фестивалот „Крај Вардарот Џез“

од admin_kult

Со настап на Дамир Имери Трио вечерва во 20 часот на малата сцена во Филхармонија започнува четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“.

Тромбонистот Имери е тивка легенда на современата македонска музика. Во триото, покрај него, членуваат и Ади Имери и Ратко Даутовски. Истата вечер, на фестивалот ќе настапат Перфорто (Perforto) од Полска, со Ола Ржепка на пијано и Лукаш Марчинијак на електрична гитара.

Во петок на 19 мај, во лобито на кино Фросина – МКЦ во рамки на „Крај Вардарот Сесии со Аудиокултура“ ќе биде промовирано најновото винил издание на ПМГЏез, компилацијата „Крај Вардарот Џез Vol.2“.

Четвртото фестивалското издание на Крај Вардарот џез   ќе се заокружи со ѕвездите на фестивалот „Чуи“ (Chui), загрепскиот квартет, чија визија е спој на џез со современа клупска танцова музика, рокенрол и електроника.

Фестивалот кој е во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“ и ќе трае до 20 мај, е  дел од програмата за размена на фестивали („FEX-Festival Exchange“) на европскиот проект „МОСТ“ за развој на сцената на светска музика на Балканот, и е поддржан Министерство за култура на Северна Македонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе